Достапни линкови

САД и сојузниците загрижени за Либија


Соединетите американски држави и нејзините европски сојузници предупредија против надворешно мешање во Либија, велејќи дека тоа ќе ги влоши поделбите во оваа северноафриканска земја и ќе ја поткопа демократска транзиција.


Во заедничката изјава на 25 август, САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија, исто така ја осудија и ескалацијата на борбите и насилство во земјата.


Неидентификувани воени авиони спровеле два воздушни напади изминатата недела за време на борбите за аеродромот Триполи меѓу исламистичките и националистичките сили.


Извештаите велат дека воздушните напади врз исламистичката милиција биле извршени од базите на Обединетите Арапски Емирати во Египет. Обединетите Арапски Емирати не коментираат за случајот, а Каиро негира каква било инволвираност. Неодамна се зголеми насилството во Либија меѓу ривалските групи кои го соборија Моамер Гадафи во 2011 година.

XS
SM
MD
LG