Достапни линкови

Во серија бомбашки напади во Ирак, најмалку 54 жртви


Во серија бомбашки напади во Багдад и војужниот дел на Ирак, загинаа најмалку 54 луѓе. Вчера во најкрвавиот бомбашки напад насочен кон шиитски верски објект во источниот дел на Багдад, загинаа 11 луѓе. Во експлозија на две автомобил-бомби загинаа уште 11 лица во претежно шиитска област. Во меѓувреме, пет лица беа убиени од бомбашки напади во доминантно сунитски дел во главниот град.
Во јужниот дел на Ирак, во шиитското светилиште Карбала при експлозија на две автомобил-бомби загинаа 12 лица, а уште 11 луѓе загинаа при експлозии во Хилах.
Нападите доаѓаат на само три дена откако шиитските милитанти убија 70 сунитски верници во една џамија во североисточниот дел на Багдад.

XS
SM
MD
LG