Достапни линкови

Порошенко го распушти парламентот, нови избори во Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша декрет за распуштање на парламентот. Со овој потег се отвора патот за нови избори во Украина. Од канцеларијата на Порошенко како датум за избори го наведуваат 26 октомври.

Порошенко на својот твитер профил напиша: Се одлучив предвреме да му ставам крај на авторитетот на парламентот. Според украинските закони, изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од денот кога официјално е објавен декретот.


Порошенко го објави декретот, неколку часа по телефонскиот разговор со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј во врска со ситуацијата во Украина. Тој изразил загриженост за вчерашното распоредување на руски тенкови во југоисточниот дел на Украина. Во соопштението од канцеларијата на украинскиот претседател се наведува дека Порошенко повикал на заеднички мерки за да се стави крај на војната во центарот на Европа.

Според Обединетите нации, повеќе од 2.000 луѓе се убиени, а околу 340.000 принудени да ги напуштат своите домови во Украина како резултат на конфликтот.


Предвидено е денеска Порошенко во Минск да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон. Тие треба да разговараат за спорот меѓу Русија и Украина за природниот гас. Но Кремљ не ја исклучува можноста за билатерална средба меѓу Порошенко и Путин.

XS
SM
MD
LG