Достапни линкови

За Македонија закочени евроатланските интеграции


Mинистерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичис во посета на Македонија.

Mинистерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичис во посета на Македонија.

Македонија не може да се надева на покана за членство во НАТО на претстојниот самит на Алијансата во септември, рече министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичис при посетата во Охрид.

Македонија не може да се надева дека ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит на Алијансата во септември. На НАТО самитот кој ќе се одржи во Кардиф нема да има одлука за проширување со нови членки и тоа прашање воопшто нема да биде на агендата на Самитот, рече министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичис по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски во Охрид.

Во однос на Македонија, одлука на НАТО веќе постои, но тоа се разбира зависи од прашањето за името.

„Во однос на Македонија, одлука на НАТО веќе постои, но тоа се разбира зависи од прашањето за името. Но ќе го искористиме тој Самит да направиме еден состанок на министрите за надворешни работи на сите земји членки, каде ќе се обидеме да го договориме понатамошниот процес и како би го подготвиле идното членство на земјите аспиранти“, рече Ринкевичис.

Одлуките во НАТО и начинот на кои тие се носат се уште не е променeт, иако во 2011 година од меѓународниот суд на правдата е констатирано дека причината поради која Македонија не е во НАТО е нелегалната пречка од Грција, рече Поповски.

Самитот во Кардиф ќе биде можност да потврдиме дека се однесуваме како земја членка, но немаме апсолутно никакви очекувања од аспект на проширувањето.

„Самитот во Кардиф ќе биде можност да потврдиме дека се однесуваме како земја членка, но немаме апсолутно никакви очекувања од аспект на проширувањето, бидејки е јасно дека Грција ќе продолжи со блокадата и нема некоја политичка мотивација да се соочи со решавање на проблемот со името“, рече Попоски.

Во однос на проширувањето на ЕУ, латвискиот министер рече дека тие ќе работат на таа агенда и за време на нивното претседателствување со Унијата во првата половина на 2015 година. Но она што е важно, рече тој, Македонија да продолжи со спроведувањето на реформите.

„Ние ќе работиме одблиску со сегашното претседателство на ЕУ, а тоа е Италија, исто и со Луксембург кое доаѓа после нас, да продолжиме со агендата на проширување во тој период. Многу е важно и постои потреба Македонија да направи сè што е возможно да продолжи со реформите на секој план кои би и овозможиле кога ќе се разреши прашањето за името со брз чекор да тргне кон зачленувањето во Унијата“, рече латвискиот министер.

„Во текот на италијанско претседателство ќе биде донесен извештај и ќе има совет на кој се носат одлуки за проширување. Во текот на овој период од една година два пати од 6 месеци анализата на сите со кои разговаравме и кои имаат тежина во носењето на одлуки во ЕУ е дека Грција нема политички интерес Македонија да ги почне преговорите заради внатрешните случувања и поради предизвиците во економскиот дел и дека нема сериозна намера да се занимава со надминување на разликата околу името“, рече Попоски.

Попоски рече дека Македонија ќе остане посветена на рефрмските процеси, додека Грција нема да направи промена во нејзината политика во однос на Македонија во наредниот период.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG