Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Ирак, 42 жртви


Серија на бомбашки напади го погодија Багдад и јужниот дел на Ирак, при што најмалку 43 лица го загубија животот. Најсмртоносниот напад се случил во шиитски верски објект, каде загинале 11 лица. Нападите доаѓаат по три дена откако шиитски милитанти убија околу 70 сунитски верници во џамија западно од главниот град. Нападите ги зголемија меѓуверските тензии во Ирак додека властите се борат против милитантите од Исламската држава во северниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG