Достапни линкови

Дебар незадоволен од проектот Луково Поле


Проект за изградба на акумулацијата „Луково Поле“.

Проект за изградба на акумулацијата „Луково Поле“.

​​И локалните власти и невладините организации од Дебар се незадоволни од информацијата за проектот Луково Поле зашто го исклучува Дебар од позицијата на засегната страна.

Објавувањето на Известувањето за намера – Акумулација Луково Поле на веб страницата на Министерството за животна средина во Дебар е проследено со нови реакции и несогласувања, како од страна на локалните власти, така и од страна на невладиниот сектор.

Во документот кој е објавен, Општина Дебар воопшто не се третира како засегната страна. Има анализи за влијанието во општините Маврово–Ростуше и за Гостивар, а Дебар не фигурира како засегната страна во проектот, што не е вистина.

И локалните власти и невладините организации оценуваат дека Дебар дефинитивно кажа „не“ на проектот на ЕЛЕМ „Луково Поле“ и објавувањето на документот на веб страницата на наведеното министерство иритира бидејќи Дебар го исклучува од позицијата на засегната страна и покрај тоа што последиците од одземањето на дел од водите на реката Радика за Дебар се катастрофални, оценуваат граѓанските организации и локалната власт.

Газменд Цами.

Газменд Цами.

Општина Дебар е исто така засегната со овој проект бидејќи се одземаат од течението на реката Радика која оди кон Дебар над 2 литри вода во секунда.

„На Веб страницата на Министерството за животна средина е објавено известување за намера – Акумулација Луково Поле. Во документот кој е објавен, Општина Дебар воопшто не се третира како засегната страна. Има анализи за влијанието во општините Маврово–Ростуше и за Гостивар, а Дебар не фигурира како засегната страна во проектот, што не е вистина“, истакнува Газменд Цами, претставник на невладиниот сектор во сферата на екологијата.

Тој исто така обвинува дека во документот кој е објавен, има и бројни искривени податоци во однос на просторот врз кој има влијание со проектот, како врз флората така и врз фауната.

„Треба воедно да се нагласи дека во објавениот документ на ЕЛЕМ има многу неточни податоци, поради што треба и граѓаните да ја разгледаат добро оваа информација која е на веб страницата на министерството, со цел да се укаже на неточните податоци внесени во проектот“, вели Цами.

РСЕ: За кои податоци сметате дека се искривени?

„Во документот се изнесува податок дека влијанието е на површина од 300 хектари каде се реализира проектот, но таа површина не е целата каде што има влијание проектот како таков. Тоа е само површината каде е акумулацијата, но не и површината каде ќе има последици. Општина Дебар е исто така засегната со овој проект бидејќи се одземаат од течението на реката Радика која оди кон Дебар над 2 литри вода во секунда“, вели Цами.

Советот на Општина Дебар, според претседателот Башким Машкули, останува на одлуката со која проектот Луково Поле, со кој се одземаат дел од водите на реката Радика за Дебар е неприфатлив. На средбата што се одржа во Дебар со учество на претставници на граѓанските организации околу последните објави, е нагласено дека секоја нова активност за старт на проектот ќе провоцира нови протести, онакви какви што ги имаше претходните месеци.

Инаку Советот на Дебар најави формирање на посебна комисија за следење на состојбите на теренот каде се планира да се гради акумулацијата Луково Поле, додека, пак, деновиве 30-тина претставници на невладините организации и на Општина Дебар заедно со претставници на медиумите беа на местото каде со проектот се планира акумулацијата.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG