Достапни линкови

Пакистан-Опозицијата со ултиматум до премиерот Шариф


Пакистанскиот проповеденик Тахир ул Кадри.

Пакистанскиот проповеденик Тахир ул Кадри.

Пакистанскиот проповедник Тахир ул Кадри и еден од предводниците на антивладините протести во Исламабад изјави дека е подготвен да умре доколку премиерот Наваз Шариф не поднесе оставка во наредните 48 часа. Тој пред демонстрантите покажа бела покривка за погреб порачувајќи дека таа ќе биде за него или за владата на Шариф.

Неговиот ултиматум доаѓа по истекувањето на рокот за Шариф поставен од другиот опозициски лидер Имран Кан. Се уште не е јасно што двајцата опоциски лидери ќе преземат доколку Шариф не поднесе оставка.

XS
SM
MD
LG