Достапни линкови

Ставрески негира дека Македонија ќе биде оф шор зона


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави денеска дека финансиската зона во Македонија, чие формирање се предвидува со еден од нацрт-амандманите на Уставот, ќе привлекува банки, инвестициски фондови и корпорации по примерот на Луксембург. Според него, не станува збор за никаква оф шор зона туку за зона со високи меѓународни стандарди.

Ставрески појасни дека финансиската зона е замислена на еден поинаков начин. Нејзиниот концепт, како што порача тој е во насока на искористување на трендот во меѓународните финансии каде што банките и инвестициски фондови бараат дестинации каде што ќе го минимизираат трошокот и ризикот. Ставрески присуствуваше на Комисијата за уставни прашања, која ги изгласа нацрт-амандманите на Уставот.

XS
SM
MD
LG