Достапни линкови

Самоубиствен бомбашки напад во Ирак, 11 жртви


Во самоубиствен бомбашки напад во шиитска џамија во источниот дел на Багдад загинале најмалку 11 лица. Ирачката полиција соопшти дека 32 лица биле повредени во нападот, кој се случи по три дена откако шиитски милитанти убија околу 70 сунитски верници во џамија западно од главниот град. Нападите ги зголемија меѓуверските тензии во Ирак додека властите се борат против милитантите од Исламската држава во северниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG