Достапни линкови

Куќите во кумановско Гладно Поље пливаат во фекалии


Граѓаните од кумановско Гладно Поље се жалат дека немаат водоводен, атмосферски и канализационен систем. Кога е топло и суво време, освен реата, луѓето се задушуваат во прашина, а кога има врнежи, како што велат, фекалиите пливаат по дворовите.

„Многу е тешко. Сите куќи имаат септички јами, а плаќаме сметки за канализација, за пречистителна станица. Најповеќе ни пречи реата што се шири, особено кога е топло. Имаме платено и планови. Децата не можат да одат на школо од кал.“

Многу е тешко. Сите куќи имаат септички јами, а плаќаме сметки за канализација, за пречистителна станица. Најповеќе ни пречи реата што се шири, особено кога е топло. Имаме платено и планови. Децата не можат да одат на школо од кал.

„Без канализација живееме 40 години. Ние сме населени овдека меѓу првите.“

РСЕ: Како се справувате?

„Вода тече, има поплави, од ридот водата се слева тука. Ние постојано правиме заштитни слоеви, бразди за водата да не ни тече низ дворовите“, раскажуваат жителите од месноста Гладно Поље во Куманово, недалеку од центарот на градот.

Во повеќе од стотина новоизградени куќи граѓаните немаат инфраструктура. Нема водоводен, атмосферски и канализационен систем. Кога е топло и суво време, освен реата, луѓето се задушуваат во прашина, а кога има врнежи, како што велат, фекалиите пливаат по дворовите. Тие барале решение од локалната самоуправа.

Во Гладно Поље не се наплаќаат целосно комуналиите токму затоа што нема инфраструктура. Секоја година донесуваме програма и во 90 случаи сите тие објекти се евидентирани од Секторот и се влезени во таа програма.

„Секоја година кога има избори ни ветуваат и СДСМ и ВМРО. Ни велат, дајте ни ги гласовите, ние ќе ви направиме. На крајот нема ништо. Не сакаат да го направат, не знам дали од Скопје не добиваат пари. Плаќаме данок, а и еднаш месечно за чистење на канализацијата. Плаќаме по две илјади денари за една цистерна што ни ја чисти јамата еднаш месечно.“

„Јас сум 30 години тука. Немам ниту канал, ниту вода. Уличното осветлување самите го направивме. Вода сами си извадивме. Улици нема.“

„Нас водата ни тече во плацот. Пат немаме. Циц ни ветуваше, ВМРО исто така, но тие само за својата фотелја се борат. По 200 денари месечно ни одбиваат за канализација, а ние немаме“, револтирани се граѓаните и додаваат дека секојдневно се борат со комуналната хигиена.

Некои септичките јами ги обезбедиле и редовно ги чистат, но има и такви кои ги држат отворени и штом ќе падне и мал дожд од нив се разлеваат фекалии по дворовите или по неизградените плацеви. Во вечерните часови не можат да се одбранат од комарци. Не се оптимисти дека локалната самоуправа ќе го реши овој проблем, па затоа некои веќе новоизградените куќи ги ставиле на продажба, а не им е јасно зошто во Гладно Поље главно печалбарите плаќаат и по над сто евра за квадрат, градат огромни куќи, а немаат нормални услови за живот.

Лидија Ланг Спасовска, раководител на Секторот за градежништво и урбанизам, потврдува дека постои овој проблем.

„Конкретно во овој случај каде што нема изградено било каква инфраструктура и за тоа на инвеститорите не им се наплаќа. Во Гладно Поље не се наплаќаат целосно комуналиите токму затоа што нема инфраструктура. Секоја година донесуваме програма и во 90 случаи сите тие објекти се евидентирани од Секторот и се влезени во таа програма. Се надевам дека за година две цела територија на град Куманово ќе биде покриена со инфраструктура за функционирање на изградените објекти“, вели Ланг Спасовска.

Жителите веруваат дека програма има, но неизвесно е дали некогаш таа ќе се реализира. Нивните домови се на само пет минути од центарот на градот, а без инфраструктура велат дека живеат како во времето од пред два века.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG