Достапни линкови

Македонија и Летонија со одлични односи и можности за соработка


Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

Министрите за надворешни работи на Македонија и Летонија, Никола Попоски и Едгарс Ринкевичс по средбата во Охрид соопштија дека двете земји имаат одлични односи, но оти отворени се можностите за интензивирање на соработката, пред се на економски план, но и во останати области.

Ринкевичс во однос на процесот на проширување на Унијата, истакна дека со Италија како актуелен претседавач со ЕУ и со Лукембург како држава што ќе претседава по Летонија, ќе се работи одблиску, во насока на продолжување на агендата на проширување на Унијата. Според него, познато е дека има одлука за проширување на НАТО на претстојниот Самит во Кардиф. За Македонија, како што изјави тој постои одлука, но е условена од решавањето на прашањето за името.

XS
SM
MD
LG