Достапни линкови

Власта сама ќе си гласа за уставните измени


Носењето на уставните измени и гласањето за ребалансот на буџетот собранието ќе го прави во отсуство на опозицијата.

Демократската унија за интеграција даде поддршка за иницијативата за уставни измени, но нивната содржина ќе биде работа на претстојната расправа во комисиите во собранието, вели координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери. Тој не ги потврдува шпекулациите за несогласувањата кои во врска со уставните измени ги имало во неговата матична партија.

За измените е дадена согласност, е сега содржината е работа која ќе се дискутира. Ние ја поддржавме иницијативата, тоа е прва фаза, сега наредната фаза е содржината, тоа ќе се дебатира и во партиските органи и насекаде.

„За измените е дадена согласност, е сега содржината е работа која ќе се дискутира. Ние ја поддржавме иницијативата, тоа е прва фаза, сега наредната фаза е содржината, тоа ќе се дебатира и во партиските органи и насекаде“, вели Талаф Џафери од ДУИ.

Носењето на уставните измени и гласањето за ребалансот на буџетот собранието ќе го прави во отсуство на опозицијата. Дали ставот на Социјалдемократскиот сојуз дека за промена на Уставот е потребен политички и општествен консензус и експертска дебата, останува ист не можевме да дознаеме. Обидите да добиеме изјава и каков било коментар од членовите на оваа партија, беа безуспешни.

Не би сакале да дозволиме желбата за заштита на политичката кариера на само двајца политичари од опозицијата да биде причина да не се донесат толку суштински и толку значајни измени на Уставот.

За седумте уставни измени треба да се изјаснат и пратениците на Демократската партија на Албанците. Од ДПА соопштија дека својот официјален став ќе го соопштат на прес конференција, иако медиумите веќе пишуваа дека најверојатно седумте пратеници на ДПА нема да ги поддржат уставните измени од принципиелни причини односно затоа што во нив не биле вградени барањата и правата на Албанците, односно албанските приоритети во однос на службената употреба на јазикот, знамето и пропорционалната поделба на буџетот не се дел од уставните измени. Според ДПА, ДУИ се става во интерес на Македонците и не го исполнила ветувањето во изборната кампања за уставни измени со кои ќе се бира претседател на државата во Собранието.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ неколкупати досега ги повикаа пратениците од опозицијата да се вратат во собраниските столчиња и да гласаат за уставните измени кои според нив се од суштинско значење.

„Не би сакале да дозволиме желбата за заштита на политичката кариера на само двајца политичари од опозицијата да биде причина да не се донесат толку суштински и толку значајни измени на Уставот“, изјави неодамна координатотот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Нацрт амандманите на уставните измени предвидуваат регулирање на бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, измени во однос на Судскиот совет, менување на името на Народната банка, потоа Државниот завод за ревизија да прерасне во независен државен орган, формирање на посебна финансиска зона, со шестиот амандман се ограничува дефицитот и јавниот долг, додека последниот се однесува на надлежноста на Уставниот суд. Според најавите за нацрт-амандманите се очекува да бидат организирани најмалку пет дискусии.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG