Достапни линкови

По снимката со обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли, американските социјални мрежи ги зголемија напорите да ги забранат профилите повразни со Исламската држава. Но, оваа милитантна група изгледа дека брзо се адаптира и почна да постира содржини на помалку централизирани мрежи.

Илјадници корисници на социјалните мрежи несвесно неколку часа беа изложени на ужасната снимка на егзекуцијата на Џејмс Фоли, откако милитанти на Исламската држава објавија видео со неговото обезглавување на интернет.

Ова беше класично изложување на пропагнадната кампања на оваа екстремистичка група: со исти снимки да предизвика страв на Западот и да ги инспирира радикалите во светот.

Но откако видеото се појави на 19 август, големите компании како Твитер и Јутјуб ги употребија сите сили да ги тргнат профилите кои биле поврзани со терористичката група.

Сепак, Исламската држава веднаш почна да се адаптира со префрлување на не толку централизираните социјални мрежи кои тешко се регулираат, но и со експериментирање со други интерент платформи кои не се толку популарни на Западот.

„Би било бизарно да се претстави дека само поради тоа што Фејсбук или Твитер станале малку потешки за нив, тие ќе се откажат од меѓусебната комуникација или пак од ширењето на нивните пораки. Тоа е начин на функционирање на терористичките организации“, вели Џејми Бартлет, автор на „Дарк нет“, книга за скриените онлајн заедници. Според некои наводи, исламската држава имала план од пет точки во борбата против укинувањето на профилите.

Би било бизарно да се претстави дека само поради тоа што Фејсбук или Твитер станале малку потешки за нив, тие ќе се откажат од меѓусебната комуникација или пак од ширењето на нивните пораки. Тоа е начин на функционирање на терористичките организации.

Меѓу другото, тука е вклучено и создавање сопствени сервери, како и пренасочување на поддржувачите од Твитер и Фејсбук на други платформи.

Исто така се сугерира и хакирање на западните телевизиски канали. Социјалната мрежа „Дијаспора“ чии сервери не се толку централизирани потврди дека по акцијата на Твитер и Јутјуб многу приврзаници на Исламската држава почнале да се префрлаат на нејзината платформа.

„Секој има можност да го употребува софтверот на Дијаспора на начин што сам ќе го избере. Затоа не можеме да му спречуваме да го користи нашиот софтвер“, наведува оваа непрофитна мрежа.

На „Вконтакте“, социјална мрежа која во Русија е попопуларна од Фејсбук и некои други поранешни советски републики почна да се појавуваат слики директно од териториите кои се под контрола на Исламската држава.

Сиријската опсеравторија за човекови права, проценува дека Исламската држава има во Сирија и Ирак над 80 илјади членови, од кои неколку илјади се регрутирани од странство и кои ги користат социјалните мрежи.

Со објавување на овие снимки страницата „Вконткате“ ги прекршува своите правила против екстремизмот и најверојатно ќе преземе мерки да се справи со тоа. Но, Џејми Бартлет вели дека Исламската држава ќе продолжи да изнаоѓа начини да ја изебегне цензурата.

„Мислам дека луѓето кои ги прават овие платформи се целосно свесни и дека тие постојано се соочуваат со дилемата околу цензурата. И тие обично ја избегнуваат, велејќи дека не е нивна одговорност она што луѓето го постираат.“

Наведува Бартлет, додавајќи дека понекогаш кај нив станува збор за силна идеолошка определба и се подготвени да прифатат секаков вид пропаганда, ако тоа исто така значи и слободно изразување на луѓето.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG