Достапни линкови

Русија планира уште еден хуманитарен конвој за Украина


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва планира да испрати уште еден хуманитарен конвој за Украина. Тој на денешената прес конференција во Москва рече дека Русија ја информирала Украина за оваа намера и оти се надева на подобра соработка со Киев отколку што тоа беше со првиот хуманитарен конвој. Тој додаде дека хуманитарната криза продолжува во источна Украина, каде што се водат борби меѓу украинските власти и проруските сеператисти. Лавров оцени дека нема ништо понижувачки во јавното парадирање на украинските заробеници на улиците на Доњецк во текот на изминатиот викенд.

XS
SM
MD
LG