Достапни линкови

Нови напади на израелската авијација врз Газа


Двајца палестинци загинале во нападите на израелската авијација врз Газа што биле изведени во текот на изминатата ноќ. Израелската војска соопшти дека извршила 16 напади, додека палестинците истрелале една ракета врз Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ги повика жителите на Газа да ги напуштат сите места каде што се припадниците на Хамас. Израeлската офанзива врз ова палестинско движење трае веќе пеесетина дена и досега во неа загинаа над 2120 палестинци и 68 израелци.

XS
SM
MD
LG