Достапни линкови

Уставот и буџетот пред пратениците


Илустрација.

Илустрација.

Седумте нацрт амандмани на измени на Уставот и ребалансот на буџетот денеска се на дневен ред во Собранието. Двете важни прашања ќе се разгледуваат без присуство на опозицијата, освен на пратеничките кои не ги вратија мандатите. Нацрт амандманите за измени на Уставот се на дневен ред на собраниската Комисија за уставни прашања, а ребалансот на буџетот ќе го разгледува Комисијата за финансирање и буџет.

Според предлогот за ребаланс, вкупните приходи ќе се намалат од планираните 2,57 милијарди евра на 2,52 милијарди евра, а расходите од 2,87 милијарди евра на 2,84 милијарди евра.

Парламентот за нацрт амандманите на Уставот треба да се изјасни два дена подоцна. Доколку, нацрт амандманите ја добијат поддршката, Владата ќе ги стави на едномесечна јавна дискусија, по која Владата, повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани со вградени забелешки од дискусијата. Се очекува измените на Уставот да бидат изгласани до крајот на октомври.

XS
SM
MD
LG