Достапни линкови

logo-print

Ослободен американски новинар од Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Американскиот државен секретар Џон Кери потврди дека американскиот новинар Питер Тео Куртис е ослободен од милитантна организација Ал Нусра, која е поврзана со Ал Каеда и се бори против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Тој рече дека Вашингтон соработувал со дваесетина земји да го обезбеди неговото ослободување. ОН соопштија дека новинарот им бил предаден на нивните мировници на Голанската Висорамнина. Се верува дека Куртис бил киднапиран во Турција, во близина на границата со Сирија, во 2012 година.

Пред неколку дена милитантите од организацијата Исламска држава објавија видео снимка на која се гледа обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој беше киднапиран во Сирија.

Во меѓувреме, Велика Британија соопшти дека е блиску до идентификување на британскиот државјанин осомничен дека го обезглави Фоли. Британскиот амбасадор во Вашингтон, Питер Вестмакот, изјави дека британските власти користат софтвер за анализа на гласот за да го идентификуваат убиецот кој на видео снимката зборува на англиски јазик со лондонски акцент.

XS
SM
MD
LG