Достапни линкови

logo-print

Два случаи на ебола потврдени и во Демократската Република Конго


Илустрација.

Илустрација.

Два случаи од смртоносниот вирус ебола се потврдени во Демократска Република Конго, соопшти тамошното Министерство за здравство. Ова се првите случаи во оваа земја од вирусот кој претходно ги зафати Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, при што починаа повеќе од 1.400 луѓе. Во Нигерија се регистрирани пет смртни случаи од ебола. Во меѓувреме, британски здравствен работник кој добил ебола во Сиера Леоне, вчера беше евакуиран во Лондон каде ќе биде третиран. Светската здравствена организација исто така потврди дека еден од нејзините работници во Сиера Леоне е инфициран со вирусот. Организацијата соопшти дека здравствениот работник е згрижен во Сиера Леоне додека се разгледува опцијата за негова медицинска евакуација.

XS
SM
MD
LG