Достапни линкови

logo-print

Двајца обезглавени во затворски бунт во Бразил


Илустрација.

Илустрација.

Бразилските власти соопштија дека демонстрантите во еден затвор во градот Каскавел на југот на земјата убиле најмалку тројца други затвореници, а неколкумина се повредени. Двајца од убиените биле обезглавени, додека другите биле турнати од покривот на затворот, од кои најмалку еден загинал. Според информациите, стотици затвореници учествуваат во бунтот што почна вчера. Тие држат најмалку двајца чувари во заложништво. Затворениците велат дека се незадоволни од работењето на затворот, како и од храната и од хигиенските услови. Во тек се преговори за прекин на бунтот. Бразил е четврта земја во светот според бројот на затвореници. Во преполните затвори има околу 500 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG