Достапни линкови

Најмалку 10 загинати во стампедо во верски храм во Индија


Архивска фотографија: Стампедо пред верски храм во Индија во октомври 2013 година.

Архивска фотографија: Стампедо пред верски храм во Индија во октомври 2013 година.

Најмалку 10 луѓе загинаа, а десетици други се повредени во стампедо, додека верниците се собирале во еден религиозен храм во централната индиска држава Мадја Прадеш. Властите соопштија дека илјадници хинду верници утринава се собрале во храмовите во областа, по што јажињата поставени за контрола на масата се откачиле и дошло до стампедо. Индија има долга историја на смртоносни стампеда на верски собири. Во октомври минатата година 110 верници беа згазени или удавени во близина на друг хинду храм во државата Мадја Прадеш.

XS
SM
MD
LG