Достапни линкови

Раул Хаџимба победи на претседателските избори во Абхазија


Раул Хаџимба победи на претседателските избори во отцепениот грузиски регион Абхазија. Тамошната изборна комисија соопшти дека тој освоил 50,57 отсто од гласовите во вчерашниот прв круг од претседателските избори. Хаџимба од 2004 година три пати неуспешно се обидува да стане претседател на Абхазија. Неговиот главен ривал, 51-годишниот поранешен шеф за безбедност Аслан Бјаниа, освоил помалку од 36 отсто од гласовите. На изборите имаше четворица кандидати. Излезноста била околу 60 отсто. Сите кандидати се залагаат за блиска соработка со Русија. Москва обезбедува финансиска помош за Абхазија, а во регионот има стационирано четири илјади руски војници. Победникот на изборите треба да го замени досегашниот де факто претседател Александр Анкваб кој беше принуден да се повлече од функцијата на 1 јуни по неколкудневните политички немири во земјата. За Грузија, изборите се нелегални. ЕУ соопшти дека „не ги признава“ изборите и дека го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Грузија.

XS
SM
MD
LG