Достапни линкови

Почина познатиот британски актер и режисер Ричард Атенбороу


Почина познатиот британски актер и режисер Ричард Атенбороу на 90-годишна возраст. Неговиот син Мајкл за Би-Би-Си изјави дека актерот починал вчера. Во шестдецениската кариера, Атенбороу глумеше во многу филмови меѓу кои Брајтон Рок, Големото бегство и Паркот Јура. Како режисер, негов најголем успех е филмот Ганди кој освои осум оскари. Би-Би-Си објави дека актерот и неговата сопруга неколку години живееле во старечки дом. Шест години тој се движеше со помош на инвалидска количка. Британскиот премиер Дејвид Камерон објави соопштение во кое го нарекува Атенбороу „еден од великаните на филмот“.

XS
SM
MD
LG