Достапни линкови

Работниците од кичевски Прототип на протест пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ


Доскорешните вработени во кичевски Прототип се жалат зашто се оставени на улица, без пари и без визија како да опстануваат натаму во животот.

Поранешни работници на кичевски ЕМО и до скоро работници на Прототип, кои неодамна добија отказни решенија од фабриката за челични конструкции со протест пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги решат своите социјални проблеми. Се жалат зашто се оставени на улица, без работа, без пари, без иднина и визија како да опстануваат натаму во животот. Со огромни долгови за неплатени сметки во домаќинствата стравуваат од полошо.

Од Владата бараме помош, ние што сме со 28-30 години да не пуштат со 7.000 денари до пензија, а на овие младиве да им дадат работа.

„Немаше производство, одлучија дел на пуштат, ама ние не се сложивме или сите, или никој. Отказни решенија добивме и сега сите се пријавуваме во Агенцијата за вработување.“

Архивска фотографија: Протест на вработените во подружницата на ЕМО Охрид во Кичево во февруари 2013 година.

Архивска фотографија: Протест на вработените во подружницата на ЕМО Охрид во Кичево во февруари 2013 година.

„Заостанати плати 4-5, плаќање на половина, неплатени сметки, должни за струја, вода, телевизија, а кој ќе ни ги прости нам, без никакви примања.“

„Од Владата бараме помош, ние што сме со 28-30 години да не пуштат со 7.000 денари до пензија, а на овие младиве да им дадат работа“, велат овие работници.

Пратениците од ВМРО во парламентот, г-дин Антонио Милошоски и г-дин Благоја Деспотоски, да ни помогнат околу проблемите што ги имаме како поранешни вработени во Прототип.

Тие ги повикуваат кичевските пратеници на средба, бараат од нив помош за да ги остварат барањата од Владата.

„Пратениците од ВМРО во парламентот, г-дин Антонио Милошоски и г-дин Благоја Деспотоски, да ни помогнат околу проблемите што ги имаме како поранешни вработени во Прототип. Значи се работи за исплата на неисплатени плати од Прототип, за неисплатени дневници тие што биле на терен, околу исплатата на платите во ЕМО што сме останале назад“, вели Глигор Топалоски, посочувајќи ги барањата во име на другите вработени.

Работниците тврдат дека во Прототип нема работа, ниту иднина, затоа сите надежи им се насочени кон Владата. Најголем дел околу 70 отсто, од 80-ината поранешни работници имаат стаж од преку 25 години, а останатите се млади луѓе.

Работниците во неколку наврати изминативе две години протестираа во кругот на фабриката во знак на револт поради неисплатени плати и придонеси. Но, менаџерите на фабриката остануваа недостапни, од обезбедувањето во капацитетот во Кичево постојано се добива ист одговор, дека раководството на Прототип е службено отсутно, затоа не може да се оствари контакт.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG