Достапни линкови

logo-print

Тројца полицајци загинаа во пад на хеликоптер во Шпанија


Властите во Шпанија соопштија дека тројца полицајци загинале кога нивниот спасувачки хеликоптер во текот на мисијата на северот од земјата удрил во планина па се урнал. Регионалната власт на Кастиља и Леон наведува дека несреќата се случила откако тимот за спасување го спуштал четвртиот член на екипата низ јаже за да му помогне на повреден планинар. Во несреќата не настрадал никој на земја. Регионалните власти соопштија дека на местото на насреќата испратиле четири хеликоптери и медицинска екипа.

XS
SM
MD
LG