Достапни линкови

logo-print

Иран претстави ново оружје вклучувајќи и беспилотни летала


Официјалната новинска агенција на Иран вели дека земјата има произведено нова генерација на поморски и воздушни летала со краток дострел. Во извештајот на ИРНА се вели дека ракетата од типот Гадир има опсег од 100 километри и е способна за уништување на поморски цели. Не се кажува ништо повеќе за Наср-е Басир крстосувачкиот проектил, но се вели дека тој "би можел да работи во тишина". Исто така, ИРНА соопшти дека Иран претставил две нови беспилотни летала, Карар на висока надморска височина и Мохајер-4-4 беспилотното летало, кое може да се користи за креирање на карти за воени и цивилни цели.

XS
SM
MD
LG