Достапни линкови

Украински државјанин загина на патот Неготино - Гевгелија


Украински државјанин загина утрово на автопатот Неготино-Гевгелија откако во него удри возило со српски регистарски таблички.

Несреќата се случила откако возилото кое го управувал украинскиот државјанин излетало од патот, по што тој излегол да побара помош. Во тој момент на него наишол автомобил со српски таблички и го усмртил на лице место.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

XS
SM
MD
LG