Достапни линкови

logo-print

Израелските вооружени сили урнаа седумкатна зграда во Газа


Полицијата во Газа рече дека израелските воздушни напади срамниле со земја седумкатна зграда и сериозно оштетиле двокатна комерцијална зграда со десетици продавници во јужниот град Рафах. Полицијата соопшти дека седум лица се повредени во бомбашкиот напад на трговски центар. Канцеларија на Министерството за внатрешни работи предводено до Хамас беше сместено во седумкатната зграда Зураб. Болнички извори јавија дека две лица загинале, а петмина се повредени во уште еден воздушен напад во западниот дел на градот Газа. Нападите се случија еден ден откако Израел ја собори 12-катната кула во Газа Сити. Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека пет ракети биле истрелани од Сирија на израелската Голанска Висорамнина. Поради знаците на понатамошна ескалација, Египет бара од двете страни да продолжат со разговорите за прекин на огнот кои се водат во Каиро.

XS
SM
MD
LG