Достапни линкови

logo-print

Вкупно 34 загинати во поединечни напади во Ирак


Најмалку 34 луѓе загинаа во низа бомбашки напади во Ирак. Самоубиец со автомобил-бомба што експлодира во канцелариите на разузнавачката служба во Багдад, уби најмалку три лица, а беа повредени девет . Во Бакуба, околу 60 километри северно од ирачкиот главен град загинаа 13 лица во судири меѓу полициските сили и милитантите . Осумнаесет луѓе загинаа во двоен самоубиствен автомобил-бомба во северниот град Киркук. Локалните медиуми објавија дека најмалку 100 биле повредени во нападите, вклучувајќи и членови на курдските Пешмерга сили. Во меѓувреме, во напад во Ербил, главен град на автономниот регион Курдистан, автомобил-бомба одекна во центарот на градот, при што беа ранети четворица.

XS
SM
MD
LG