Достапни линкови

Украина одбележува 23 години независност


Украина денеска одбележува 23 години независност во ек на тековната криза во источниот дел. Претседателот Петро Порошенко претседава со воената парада во Киев на плоштадот на независноста, локално познат како "Маидан" - каде што учествуваат оклопни возила вооружени со противтенковски оружја и автоматски пушки и ракетни системи. Порошенко најави дека Украина ќе потроши околу 3 милијарди долари за доопремувањето на армијата во периодот 2015-2017.

XS
SM
MD
LG