Достапни линкови

БиХ и Србија зафатени од силно невреме


Во невремето што синоќа ја погоди западна Србија оштетен е дел од пругата Белград-Ниш во близина на Раља.

Невремето нанело големо количество земја и гранки на шините.

Во невремето што го зафати и поголемиот дел од Белград полесно се повредени две лица.

Невреме со град го зафати и дел од Колубарскиот Округ, при што предизвика значителна штета на објектите, возилата и на посевите.

И Босна и Херцеговина вчера беше зафатена од бура со град. Од невремето се погодени општина Грачаница во Тузланскиот Кантон, Добој, Зворник и Бијелина.

Во Грачаница паѓал град со големина на јајце, додека во подрачјето на Добој градот бил со големина на орев.

XS
SM
MD
LG