Достапни линкови

Несекојдневен протест во главниот град на Туркменистан


Во главниот град на Туркменистан се одржа протест при што 50 луѓе блокираа кранови кои отстрануваа климатизери од прозорците на нивните станови. На жителите на населбата Парахат-7 во туркменистанскиот главен град минатата недела им беше речено да ги отстранат климатизерите од прозорците на нивните станови со поглед на улицата Баба Ананаов. Работниците и крановите на крајот го напуштиле местото. Летните температури во Ашхабат достигнуваат и до 50 степени целзиусови.

XS
SM
MD
LG