Достапни линкови

Меркел упати повик за прекин на огнот во Украина


Германската канцеларка Ангела Меркел за време на денешната посета на Киев ги повика сите страни вклучени во непријателствата во источна Украина да се согласат на прекин на огнот.
Говорејќи по разговорите со претседателот на Украина Петро Порошенко, Меркел рече дека мир е можен доколку тој ги вклучува и "двете страни" .
Порошенко изјави дека Украина нема да го жртвува суверенитетот за мир додека пак Меркел изјави дека Германија го поддржува "територијалниот интегритет" на Украина, вклучувајќи го и Крим кој Русија нелегално го припои во март. Порошенко објави дека Меркел ветила оти дека Берлин ќе додели помош од околу 500 милиони евра за обновата на разурнатите источни региони на Украина.

XS
SM
MD
LG