Достапни линкови

Најмалку 11 загинати во нападот на МВР во Багдад


Најмалку 11 лица загинаа а 24 се повредени во самоубиствениот напад на зградата на Министерството за внатрешни работи во центарот на Багдад, соопштија ирачките власти. Според зборовите на претставник на полицијата, бомбашот самоубиец довел автомобил полн со експлозив пред портата на седиштето на разузнавачката служба во зградата на Министерството. Во експлозијата загинале шест цивили и петемина припадници на обезбедувањето. Кризата во Ирак нарочито се зголеми од јуни наваму, кога Исламската држава на Ирак и Левант прогласи калифат на територијата која ја контролира.

XS
SM
MD
LG