Достапни линкови

Иранскиот претседател планира посета на Русија


Иранскиот претседател Хасан Рохани предвидено е да направи официјална посета на Русија следниот месец поради учество на самитот на касписките држави.
Иран Прес ТВ соопшти дека Рохани ќе пристигне во рускиот град Астрахан на 29 септември на четвртиот состанок на лидерите на касписко крајбрежните земји Азербејџан, Иран, Казахстан, Русија и Туркменистан.
Водите на границите на Каспиското Море се спорни бидејќи секоја од крајбрежните земји се обидува да развие нафта и природен гас под морето.

XS
SM
MD
LG