Достапни линкови

Обама и Меркел искажаа загриженост околу потезите на Русија


Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел алармираа во однос на руските потези во Украина. Според Белата куќа, Обама и Меркел рекле дека присуството на руските војници во Украина, како и зголемувањето на руските војници по должината на украинската граница и руските гранатирање во Украина претставуваат ескалација на тензиите. Белата куќа соопшти дека двајцата лидери се согласуваат околу тоа дека рускиот конвој кој влезе Украина без одобрение е уште една провокација од страна на Москва и дека на тој начин таа го крши суверенитетот на Украина.

XS
SM
MD
LG