Достапни линкови

Дел од рускиот конвој ја напушти Украина


Најмалку пет камиони од конвојот со руска помош што со еднострана согласност влезе во источна Украина на 22 август пристигнаа на граничниот премин на патот назад кон Русија. Пол Пикард, вршител на функцијата шеф на мониторинг групата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на граничниот премин Донецк-Изварино, рече дека неколку од камионите поминале низ преминот на 23 август, додека други се приближуваат на границата кон Русија. Еден новинар на АП изјави дека не може да се утврди дали камионите носат товар . Конвојот од околу 220 возила влезе во Украина без дозвола на украинската влада и без придружба на претставници на Црвениот крст како што претходно беше договорено. Властите во Киев го нарекоа рускиот потег "инвазија" а САД и другите западни лидери го осудија неовластениот влез на камиони на украинска територија.

XS
SM
MD
LG