Достапни линкови

Временска прогноза - топло со услови за дожд


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со услови за дожд во крајните северозападни и североисточни планински предели. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во охридско-преспанскиот регион ќе биде сончево и топло со слаб југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени. Во дојранскиот регион ќе биде сончево и претежно тивко. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 36 степени.

XS
SM
MD
LG