Достапни линкови

Пет причини зошто викендов може да е почеток на крајот на играта во Украина


Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел во Киев ги подгреа очекувањата дека решение за конфликтот во Украина конечно може да биде на дофат на раката. Постојат, според нашиот новинар Дејзи Синделар, пет клучни фактори за тоа.

Станува збор за Германија

Голем број западни официјални лица ја посетија Украина од почетокот на борбите кои избувнаа помеѓу украинскиот воен и про-руските сепаратисти во април годинава. Канадскиот премиер Стивен Харпер, американскиот потпретседател Џо Бајден, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен. Но, ниту една не носи толку важност како Меркел, чија земја како најголема економија во Европа, доминира и во надворешна политика во Европската унија.

Таа, како и некои руски звучници, е израсната во комунистичка Источна Германија и ужива подобар работен однос со рускиот претседател Владимир Путин од многу нејзини колеги од ЕУ.

Меркел ја промени деликатната рамнотежа помеѓу интересите на Истокот и Западот - ветувајќи одговор на НАТО за каква било идна руска агресија во балтичките земји или Полска, но го отфрли постојаното присуство на НАТО во регионот.

Говорејќи на 19 август во Рига, Меркел ја промени деликатната рамнотежа помеѓу интересите на Истокот и Западот - ветувајќи одговор на НАТО за каква било идна руска агресија во балтичките земји или Полска, но го отфрли постојаното присуство на НАТО во регионот. Некои медиуми шпекулираа дека таа доаѓа во Киев да бара добивки, но и жртви на сите страни.

Во еден извештај, кој не може да биде независно потврден, се вели дека планот е официјално предадавање на Крим на Русија во замена за повлекување на поддршката на Кремљ во Донбас. Договорот, исто така би забранил Москва во иднина да се меша во интеграцијата на Киев во ЕУ.

Историски факти и датуми

Посетата на Меркел се поклопува со два историски значајни датуми. На 23 август се одбележува 75-годишнината од потпишувањето на Догворот Молотов-Рибентроп за ненапаѓање меѓу нацистичка Германија и Советскиот Сојуз, чиј познат таен протокол го расчисти патот за советската „сфера на влијание“ и анексија на балтичките земји и делови од Романија, Полска и Финска.

Еден ден подоцна, Украина прославува 23 години од својата декларација за независност од Советскиот Сојуз - годишнината чија традиционална воена парада има особена резонанца оваа година.

Можност за директна средба меѓу Порошенко и Путин

Последен пат овие претседатлите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, се сретнаа во јуни, кога им се приклучија на светските лидери во Франција за да ја одбележат 70-годишнината од инвазијата на Нормандија. Тие зборуваа кратко и со мал резултат.

Но, двајца сега треба да се состанат повторно на 26 август во Минск, заедно со делегацијата на ЕУ предводена од шефицата за надворешна политика, Кетрин Ештон, како и на двата главни регионални сојузници на Путин, белорускиот претседател Александар Лукашенко и лидерот на Казахстан Нурсултан Назарбаев.

Се чини дека е надмината воената плима

Украински официјални луѓе овој оптимизам го темелат помалку на дипломатијата, а повеќе на успехот на бојното поле. Украинската армија, првично попречена од лошата обука и опрема, беше безуспешно лоша во првите недели на борбите во април и мај.

Проруските сепратисти окупираа големи делови на Донбас, а двата најголеми градови, Луганск и Доњецк, паднаа во нивна контрола. Соборувањето на малезискиот патнички авион со 298 луѓе, беше ужасна грешка која предизвика бран меѓународната осуда.

Во последните неколку недели украински сили постигнаа стратешки добивки со многу човечки жртви, над 2080 цивили и војници.

Самата Русија се чини дека сака излез

За некое време, се чинеше дека Москва профитира од својата кампања во Украина - особено во Крим, каде што беше во можност, со воодушевувачка ефикасност, да ја врати јужната руска територија. Но војната почна да бега од контрола. По соборувањето на авионот Кремљ претрпе серија финансиски неуспеси. Санкциите на ЕУ и САД се насочени врз некои од најбогатите патрони на Кремљ, а предизвикаа нагло зголемување на цените. Рускиот претседател, сака да го избегне домашното незадоволство.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG