Достапни линкови

Јанкулоска-Затворски казни за учесници во странска војска


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Најмалку со пет години затвор ќе се казнуваат сите оние кои ќе учествуваат во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација. Тоа е предвидено со измените на Кривичниот законик што ги предлага Владата, а ќе бидат доставени до Собранието за носење по скратена постапка.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека ќе биде казнет секој што директно или индиректно ќе нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови и опрема наменети за кривични дела од ваков тип.

Со најмалку четири години затвор ќе бидат казнети лица кои ќе поттикнуваат такви кривични дела преку пишан текст, аудио-визуелни снимки, социјални мрежи и друг облик на комуникација. Казниво ќе биде и помагањето на кривичното дело.

XS
SM
MD
LG