Достапни линкови

Рускиот конвој влезе во Украина: помош или инвазија


Десетици камиони од рускиот хуманитарен конвој влегоа во Украина. Киев ова го оцени како директна инвазија.

Неколку десетици камиони од конвојот за кој Москва вели дека е наменет за помош на источна Укрина, изутрината влегоа на украинска територија. Тие биле без придружба на Црвениот крст.

Официјална Москва соопшти дека била уморна од чекање и ги обвини властите во Киев за изнаоѓање разни начини и изговори за да го одложи влегувањето на камионите во Украина.

Портпаролот на украинската армија Андриј Лисенко изјави дека конвојот влегол на украинска територија без согласност или учество на претставници на Црвениот крст.

Црвениот крст соопшти дека не го придружува конвојот поради несигурната безбедносна ситуација на истокот на Украина.

Тоа, според него, било прекршување на договорите меѓу Русија и Украина.

Шефот на украинската безбедносна служба Валентин Наливајченко изјави дека движењето на камионите претставува директна инвазија на Украина од страна на Русија.

Сепак, тој додаде дека Киев немало да употреби сила за да се одбегне секоја провокација.

Црвениот крст соопшти дека не го придружува конвојот поради несигурната безбедносна ситуација на истокот на Украина.

Киев страхува дека конвојот би можело да биде употребен за снабудавње со муниција и оружје на проруските сепаратисти во Луганск.

Конвојот со 250 камиони тргна од регионот на Москва на 12 август и во него, според руските власти, имало над 2 илјади тони помош за жителите на Луганск.

Обединетите нации соопштија дека повеќе од два илјади луѓе биле убиени од почетокот на насилствата во Украина во текот на оваа година.

Борбите во Доњецк и Луганск присилија илјадници луѓе да ги напуштат нивните домови. Луганск вече неколку денови нема струја и вода за пиење.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG