Достапни линкови

Приведен осомничен за двојното убиство во Охрид


Охридската полиција соопшти дека едно лице било приведено, а друго е во бегство во врска со синоќешното двократно убиство во градот. Две лица синоќа беа убиени во оружен инцидент на околу 30 минути пред полноќ во угостителскиот објект „Империјал“ во Охрид.

Полицијата го лишила Р.С од слобода, а по другиот осомничен се преземаат засилени мерки за негово пронаоѓање. На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG