Достапни линкови

Нацрт амандманите на Уставот и ребалансот на буџетот в понеделник ќе се најдат пред пратениците, но ќе се разгледуваат без опозицијата.

Од наредната недела Парламентот ќе ги разгледува нацрт амандманите на Уставот и ќе гласа за ребалансот на буџетот без опозицијата.

За уставни измени доколку се навистина потребни, потребен е комплетен парламент. Можеби може, меѓутоа дали оваа влада е спремна за да организира една широка дебата во врска со измените е навистина под еден знак прашалник.

За да се усвојат амандманите потребни се 62 гласа, по што тие ќе бидат ставени на јавна дискусија што треба да ја организира владата која ги предложи измените. Експертите велат дека со јавна дискусија не може да се надомести отсуството на опозицијата. Постапката е легитимна од правен аспект бидејќи и без опозицијата може да се обезбедат потребните гласови, меѓутоа експертите нагласуваат дека со јавна дискусија не може да се надомести отсуството на опозицијата.

„За уставни измени доколку се навистина потребни, потребен е комплетен парламент. Можеби може, меѓутоа дали оваа влада е спремна за да организира една широка дебата во врска со измените е навистина под еден знак прашалник“, вели Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија.

Најпаметно би било кога власта ги го повлекла предлогот за измени на Уставот се до оној момент додека не се создаде клима за учество, не само на опозицијата, туку и на пошироката македонска јавност.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави дека ќе продолжат да работат за враќање на демократијата во Парламентот токму со нивното отсуство од Собранието.

Пред повеќе од еден месец безмалку едногласно и со скромна дискусија помина предлогот за преиспитување на Уставните измени. Поранешниот пратеник Слободан Најдовски смета дека владата во овој момент не треба да се концентрира на уставните измени бидејќи не е во ред постапката за измени на Уставот да се одвива без опозиција.

„Најпаметно би било кога власта ги го повлекла предлогот за измени на Уставот се до оној момент додека не се создаде клима за учество, не само на опозицијата, туку и на пошироката македонска јавност. Оние така наречени јавни расправи кои што ќе бидат во затворени кругови и кои само ќе задоволат една форма, а не суштина на прашањето, не менуваат ништо.“

На Собраниската комисија за финансирање и буџет пак на дневен ред е ребалансот на буџетот. По завршување на седницата предлог амандманите од пратениците заедно со предлог ребалансот ќе бидат вратени во Владата. Оттаму пак со вградените забелешки ребалансот повторно ќе биде доставен до Собранието.

„За жал кај нас во изминатите 7-8 години, воопшто не се почитува и сеедно е дали е опозицијата во парламентот или надвор од парламентот, така да и по однос на ребалансот на Буџетот е штетно да се донесе без опозиција, но опозицијата во парламентот во овие консталации на политички односи во Република Македонија апсолутно ништо не може да промени“, коментира Најдовски.

Претседателот на Собранието Вељаноски за понеделник закажа седница на Комисијата за уставни прашања и седница на комисијата за финансирање и буџет Се очекува целата постапка за носење на уставните измени да заврши до крајот на октомври, а во средината на септември Собранието да го усвои ребалансот на буџетот.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG