Достапни линкови

Ирачките и курдските сили со офанзива против милитантите


Курдските сили во Ирак.

Курдските сили во Ирак.

Ирачките и курдските сили ја започнаа операцијата за освојување на два града во северниот дел на земјата, кои се под контрола на милитантите од Исламската држава. Ирачките војници поддржани од воздушните сили се приближувале кон градот Дадија, кој се наоѓа во близина на границата со Иран и со курдскиот автономен регион.

Курдските борци поддржани од американските воздушни сили ја преземале контролата врз еден реон на 115 километри одалеченост од Багдад. Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека милитантите преставуваат досега невидена закана.

XS
SM
MD
LG