Достапни линкови

Ќе почекаме на резултати од стратегијата на СДСМ


Аналитичари не се убедени дека стратегија на СДСМ за вонинституционално дејствување ќе даде конкретни резултати.

Дел од македонските аналитичари не се изненадени од одлуката на Социјалдемократскиот Сојуз да го продолжат бојкотот на парламентот, но во исто време не се убедени дека нивната стратегија за вонинституционално дејствување ќе даде конкретни резултати.

Во моментот ако СДСМ се вратеше во парламентот, тоа ќе значеше самите да си извршат политичко самоубиство, бидејќи ќе ја изгубеа и онаа доверба кај граѓаните која ја имаат.

Професор Здравко Савески вели дека одлуката на СДСМ да остане надвор од собранието е оправдана, зошто искуството покажало дека владејачкото мнозинство нема слух за опозицијата.

Кандидатите за пратеници од опозицијата ги доставуваат до Собранието своите оставки.

Кандидатите за пратеници од опозицијата ги доставуваат до Собранието своите оставки.

„Во моментот ако СДСМ се вратеше во парламентот, тоа ќе значеше самите да си извршат политичко самоубиство, бидејќи ќе ја изгубеа и онаа доверба кај граѓаните која ја имаат.“

СДСМ е над тоа, затоа што тука внатре има идеја,има морал, и повеќе други капацитети кои се важни за политичко делување.

Со стратегијата нема што да загубат, истакнува Савевски. Потегот на формирање на систем на централни комисии кои ќе бидат пандан на владините министерски структури, според него е добар, но ќе треба да се оцени дали нивното постоење ќе биде само формално или напротив ќе ги ловат грешките на власта. Но она што според Савевски е најголема грешка на социјалдемократите во нивната стратегија е отсуството на социјалната димензија.

„Обично и забележуваат на власта за кршење на демократските правила, а не и за осиромашување на народот. Социјалната димензија е типична за една социјал-демократска партија, а во рамките на СДСМ, тоа е или некој додаток на целата антивладина стратегија или воопшто отсуствува.“

Според професорот Алајдин Демири во блиска иднина не треба да се очекува дека ваквата стратегија на СДСМ ќе даде некакви ефекти, но дека со долгорочен план резултатите нема да изостанат.

„Кризата ќе се продлабочи, пред се парламентарната, институционалната, економската која веќе тропа на врата, односно тука е, широкополитичка , дипломатска, како и се поголема изолација на Македонија. Но оваа политика на СДСМ во некоја иднина ќе вроди со плод.“

Демири не се согласува со ставот дека со натамошниот бојкот на СДСМ на институциите на системот ќе се продлабочат и внатрепартиските несогласувања во опозицијата. Оценува дека партијата е сложна и политички зрела, а за навредливи и непродуктивни ги смета намерите на власта за поткуп на одредени пратеници и членови на СДСМ.

„СДСМ е над тоа, затоа што тука внатре има идеја,има морал, и повеќе други капацитети кои се важни за политичко делување.“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера изјави дека крајната цел на стратегијата е да се извлече државата од бесперспективноста на контролираното и манипулациско владеење и да се врати земјата на нормален колосек. Уверува дека независно од тоа дали преговорите со власта ќе продолжат или не, стратегијата ќе биде спроведена до крај и во согласност со предвидените рокови.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG