Достапни линкови

Во Охрид синоќа убиени две лица


Две лица биле убиени во оружен инцидент што се случил синоќа околу 30 минути пред полноќ во угостителскиот објект „Империјал“ во Охрид. Според првичните полициски информации, засега непознато лице влегло во објектот и со истрели од пиштол убило две лица. Напаѓачот е во бегство и по него се трага. Не се познати мотивите за инцидентот, а причините ќе ги покаже увидот спроведен во утринските часови.

XS
SM
MD
LG