Достапни линкови

logo-print

Двајцата Американци заразени со ебола, пуштени дома


По речиси тринеделен третман, двајцата американски хуманитарни работници кои беа заразени со смртоносниот вирус ебола во Африка се отпуштени од болницата во Атланта, Џорџија. Претставник на Универзитетската болница Емори истакна дека нивното отпуштање не претставува закана за јавното здравје. Д-р Кент Брентли, еден од двајца пациенти, го нарече денот чудесен. Двајцата пациенти добија експериментален третман. Се уште не е познато дали лекот помогнал или тие самите закрепнале. Од ебола загинаа повеќе од 1300 луѓе во Западна Африка. Засега не постои докажан третман или вакцина.

XS
SM
MD
LG