Достапни линкови

Засилени инспекции на Мек Доналдс во Русија


Русија ги проширува своите инспекции на рестораните на Мекдоналдс во земјата. Извештаите на руските медиуми информираат дека безбедноста на храната се проверува во рестораните на Мекдоналдс во регионот на Свердловск, како и во Татарстан. Проверки на ресторани во јужниот дел на Краснодар регионот и во Башкортостан ќе се извршат подоцна во месецот. На 20 август, беше наредена истрага за пет ресторани Мекдоналдс во Москва, а три од нив добија привремена забрана за работа, поради "големиот број" прекршувања на санитарната хигиена. Засега нема официјален коментар за тоа дали акцијата е во знак на одмазда за Соединетите Држави и други земји кои наметнаа економски санкции врз Москва во текот на кризата во Украина. Од Мекдоналдс соопштија дека се обудуваат да дознаат што треба да се направи за да се отворат рестораните што е можно поскоро.

XS
SM
MD
LG