Достапни линкови

Шариф го откажа планираниот говор во парламентот


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф го откажа говорот пред парламентот откако пратениците едногласно ја одобрија резолуцијата со која се смета за неуставно принудувањето на оставка и распуштањето на законодавниот дом преку улични протести.Шариф вчера присуствуваше на парламентарната седница, додека илјадници демонстранти пред зградата продолжија да бараат негова оставка. Немаше официјална изјава од неговата канцеларија за причината за откажување на планираниот говор.

Во меѓувреме, опозицискиот политичар Имран Кан рече дека неговите претставници нема да учествуваат во вториот круг на разговори со владини претставници во текот на денот. Пратениците од партијата на Кан не присуствуваа ниту на парламентарната седница на 21 август. Американската амбасада во Исламабад соопшти дека дека сите страни треба да работат заедно за решавање на разликите преку мирен дијалог.

XS
SM
MD
LG