Достапни линкови

САД-Преку дијалог до решавање на политичката криза во Пакистан


Поддржувачи на опозицијата во Пакистан.

Поддржувачи на опозицијата во Пакистан.

Американската амбасада во пакистанскиот главен град Исламабад соопшти дека сите политички партии мора да работат заедно и преку мирен дијалог да ги решат несогласувањата. Илјадници поддржувачи на опозицијата продолжија со протестите пред парламентот во Исламабад на кои бараат оставка од премиерот Наваз Шариф.

Законодавците во меѓувреме едногласно ја донесоа резолуцијата во која е наведено дека оставката на Шариф и распуштањето на Парламенот поради протестите е спротивно на Уставот.

XS
SM
MD
LG