Достапни линкови

СДСМ со нова стратегија ќе ја враќа демократијата


Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Заев ги претстави четирите столба на кои се заснова новоосвоената стратегија за дејствување. Тоа се постојан контакт со граѓаните, формирање на централен систем на комисии кои ќе бидат пандан на владините министерски структури, силна СДСМ и партнерства за демократска Македонија.

Независно од тоа дали ќе продолжат преговорите со власта или не, СДСМ ќе ја спроведе до крај стратегијата за вонинституционално дејствување, уверува првиот човек на опозицијата Зоран Заев. На прес конференција пред македонската јавност, Заев ги претстави четирите столба на кои се заснова новоосвоената стратегија за дејствување. Тоа се постојан контакт со граѓаните, формирање на централен систем на комисии кои ќе бидат пандан на владините министерски структури, силна СДСМ и партнерства за демократска Македонија.

Со право граѓаните ја очекуваат и ја бараат СДСМ. Мотивирани повеќе од кога било дека на граѓаните и на државата им е потреба СДСМ, бидејќи со штетните политики на актуелната власт е загрозена егзистенцијата на милиони граѓани, но и иднината на државата, максимално се фокусиравме на тоа што ние како партија имаме обврска да го сработиме.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Со право граѓаните ја очекуваат и ја бараат СДСМ. Мотивирани повеќе од кога било дека на граѓаните и на државата им е потреба СДСМ, бидејќи со штетните политики на актуелната власт е загрозена егзистенцијата на милиони граѓани, но и иднината на државата, максимално се фокусиравме на тоа што ние како партија имаме обврска да го сработиме.“

Заев објасни дека формирањето на централни комисии не значи постоење на паралелни институции, туку опозициски институции кои нема да ги дерогираат државните, туку ќе бидат коректив на власта, но и алтернативна понуда за граѓаните.

Целта на стратегијата е да се извлече државата од бесперспективноста на контролираното и манипулациско владеење и да се врати земјата на нормален колосек, како дел од европското семејство и НАТО.

Ќе продолжиме да се бориме за враќање на македонската демократија токму со нашето отсуство од собранието. Свесни сме дека ќе има многу сопки од власта, но не се плашиме.

„Ќе продолжиме да се бориме за враќање на македонската демократија токму со нашето отсуство од собранието. Свесни сме дека ќе има многу сопки од власта, но не се плашиме.“

Заев тврди дека крајната цел која се сака да се постигне со оваа стратегија е да се симне актуелната владејачка гарнитура и како што рече да се запре злото кое што владее во земјава.

Вели дека се подготвени за преговори со владејачката партија во врска со петте барања кои ги оставија веднаш по изборите, од кои за власта остана неприфатливо она за формирање на техничка влада. Од СДСМ информираат дека се чувствуваат излажани и изманипулирани од власта и затоа бараат гаранција за практична примена на она што евентуално би било договорено. Заев вели дека е подготвен да преговара за кое било од петте барања и оти само преку разговор и аргументација би можело да се дојде до некаков договор.

Стратегијата која вчера беше усвоена од Централниот одбор е дел на како што соопштија двомесечна сериозна внатрепартиска работа, а четирите тима што работеле на неа се консултирале со тим експерти и направиле над сто поединечни консултации со признати стручњаци во различни области.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG